2win800x200

“Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ ги воодушеви битолчани

Јули 18, 2022

Во Офицерскиот дом во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето, синоќа се одржа концертот насловен “Табула раса“ во изведба на Камерниот оркестар „Профундис“ со вилоинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ постои веќе три години, а негови главни цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Целовечерниот концерт на БИТ ФЕСТ, беше изведен во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.

Во Камерниот оркестар „Профундис“ членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестриНационалната опера и балет и Националната филхармонија. Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани