АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Милевски е единствениот министер кој не го прифати францускиот предлог, а пратениците Морачанин, Трајанов и Велковски единствените пратеници од власта кои не гласаа ЗА.
Битолскиот министер, либералдемократот Милевски, како што вети не го поддржа францускиот предлог и преку социјалните медиуми се изјасни против. Тој не ни присуствуваше на Владината седница кога се одлучуваше за ова прашање. Останатите министри се изјаснија за почеток на пристапните преговори. Во Собранието пак, само лидерот на ДС Павле Трајанов, претседателката на ДОМ Маја Морачанин и пратеникот од редовите на СДСМ Диме Велковски, се пратениците од власта кои не гласаа за овој предлог.