АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Таки Фити, денеска беше промовиран во редовен член на Македонското научно друштво од Битола.
-Ова за мене е голема чест затоа што МНД е многу проминентно, репрезентативно друштво, формирано е во 1960 година и всушност е постаро од МАНУ. Во македонското научно друштво членуваат 12 академици. Ние се договоривме за почеток да одимесо предавања, презентации, но исто така сакаме да ги вклучиме членовите на друштвото во клучните научно исражувачки проекти на МАНУ. Му сугерирав на претседаталот на МНД да склучи меморандум за соработка со Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, што го води академик Камбовски, за да може да се вклучи самото друштво. Ние сакаме да ги вклучиме колегите од МНД во нашите научно истражувачки проекти. Тука сме комлетно отворени за соработка. Се разбира ќе помагаме таму каде што има потреба друштвото и тоа ќе се интензивира, изјави акамдемик Таки Фити, претседател на МАНУ.
Зачленувањето на академик Фити во МНД е од исклучително голема важност за друштвото.
-Посебна чесет е актуелен претседател на МАНУ да се зачлени во МНД. Во првата фаза наша идеја беше да биде наш почесен член, но професорот Фити посочи дека сака да биде рамноправен , ист како другите. Зачленувањето на академик Таки Фити во МНД значи отворање на нови врати, нови предзивици, нови можност да се докажуваме на просторот кој го освојуваме-наумката, образованието, научно-истражувачката дејност, издавачката дејност итн, изјави Марјан Танушевски, претседател на МНД.
Академик Таки Фити при денешната негова промоција во редовен член на МНД, одржа предавање на тема „Нобеловци по економија“,