АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
: Интегрален текст од изјава на советникот Борче Корлевски
Почитувани битолчани,
Она за што укажувавме на внимание, за лажните ветувања, за немањето политички и кадров капацитет за водење на иституциите од страна на ВМРО – ДПМНЕ и опасноста од повторно банкротирање на Општина Битола како во 12годишното владеење на Владимир Талевски и ВМРО – ДПМНЕ, за жал и на штета на сите битолчани по само 9 месеци повторно се реализира.
Повторно се случува разнебитување на Општина Битола и повторно од локална власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ. После информацијата дека Општина Битола е во долг од 2,3 милиони евра, вчера дознавме дека и јавните претпријатија нерентабилно работат, односно се пред класичен банкрот!
На последната седница на Советот на Општина Битола прашавме дали јавните претпријатија се во добра финансиска состојба за да го издржат очигледниот политички маркетинг и катастрофална манипулација на граѓаните на Општина Битола.
Читачите на разни изјави без воопшто познавање на ситуацијата не уверуваа нас, сите советници и граѓаните на Битола дека јавните претпријатија работеле домаќински, пари има и дека нема да има покачување на цените на услугите на јавните претпријатија.
Претходно, градоначлникот на Општина Битола, Тони Коњановски објави историска одлука со која тој лично ќе ги покачел платите на вработените во јавните претпријатија преку општинска поддршка и субвенционирање на јавните претпријатија за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат. Дури и повика сите општини и Владата да го следат неговиот пример како грижа кон сопствените граѓани.
Вчера бевме сведоци како претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола и директор на јавното претпријатие Водовод од Битола повика на помош од владата бидејќи се на работ на банкрот поради ситуацијата во која се наоѓаат со што единствени опции им остануваат покачување на цените на услугите или воопшто со прекинување на давање на услугите кон граѓаните!
Од СДСМ и коалицијата наследивте општина без долгови со дополнителни финансиски средства, јавни претпријата со позитивна сметка и рентабилно работење, како и раздолжени од долгови сите образовни институции во Битола.
Денес, лагата за промени, нови лица и добробит на граѓаните на Општина Битола само после 9 месеци се претвора во кошмар за битолчани, со повторно носење во милионски долгови на општината, јавните претпијатија и нивна нефункционалност.
Повторно неспособното раководење со институциите од страна на ВМРО – ДПМНЕ ќе се одрази врз џебот на граѓаните на Општина Битола!
Затоа, СДСМ и коалицијата ве повикува вас, почитувани колеги советници во Советот на Општина Битола од независната група Поинаку и советниците на Левица, бидејќи очигледно добивме невистинити и неиздржани официјални дописи од Управните одбори на јавните претпријатија кои го одобруваа барањето на градоначалникот Тони Коњановски без финасиски извештај дека се на работ на рентабилност, односно класичен банкрот!
На првата наредна седница истите тие одбори на јавните претпријатија поради давање невистинити информации без информација за финасиска импликација врз граѓаните да бидат целосно променети од нивните позиции со нови. Одговорност треба и мора да има!