2win800x200

Отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола

Јули 20, 2022

Во рамките на битолското културно лето БИТ ФЕСТ, синоќа беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола.

На изложбата се презентирани педесет и шест дела, слики, графики (во техника сува игла и дигитална графика) и скулптура (релјеф) од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови. Изложбата, на тој начин, доби во својата стилска разновидност и свежина што е карактеристично за делата изработени во 2021-2022 година од автори кои припаѓаат на помладите генерации, што е нормален процес на промена со текот на времето.

Стилскиот дијапазон на определувања ја опфаќа апстракцијата, знаковното сликарство и графика, разните видови пејзажи, творби со белези на надреалност и фантастика, како и неколку видови фигурација со примери на психолошки осмислено портретно сликарство.

Изложбата ќе трае до 28 јули, а може да се посети во работни денови од 9 до 16 часот, а во сабота до 14 часот.

Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат

Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Можеби е уметничко дело на 1 лице

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат, луѓе кои свират на музички инструменти и надвор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани