2win800x200

Реакција на СДСМ Битола на демантот на Општина Битола

Јули 20, 2022

Реакција на СДСМ Битола

Тешко на Битола и битолчани ако општината се довела во ситуација да потпишува Анекс на договор за осигурување на имотот.

Демантот на Општина Битола е смешен и неиздржан, и како обично, без аргументи зошто се презело или не се презело нешто.

Врз основа на какво образложение Општина Битола го продолжила договорот за осигурување со анекс? Од кои причини навреме не објавила повик за нов договор за осигурување? Дали можеби процентот за новата компанија не беше договорен?

И без да одговори Коњановски или некој во општинската администрација на овие прашања едно е јасно – градоначалникот на Битола не може навреме да испланира ниту еден оглас за осигурување на имотот. Како ќе изгледаат јавните набавки за проектите што Коњановски ги ветуваше, ако некогаш воопшто стигнат до таа фаза, со нетрпение очекуваме да видиме.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани