2win800x200

Жени авторки доминираат на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ од 20 до 27 август во Битола

Јули 22, 2022

Најновото 43-то издание на  Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе се одржува од 20 до 27 август во Битола. Ова издание е подолго од претходните две или ќе се одвива вкупно осум дена, соопшти на денешната прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

– Фестивалот ќе изобилува со програми, натпреварувачки, ревијални… Вративме се или речиси се што постоело претходно во фестивалот наспроти околностите, наспроти економската криза во светот, инфлацијата, рече Дамевски, додавајќи дека годинава фестивалот е битолски.

Публиката ќе може да погледне 14 играни филмови во натпреварувачката програма, има извонредна селекција, 12 натпреварувачки филмови во кратката програма, годинава се враќа документарната програма, има студентска програма која порано беше регионална, а сега е европска, има кратка програма, има „Мак корнер програма“ на која ќе бидат прикажани сите заинтересирани продуценти кои имаат реализирано македонски филмови кои изминатите две години немале можно тоа да го направат.

Дамевски додаде дека годинава има исклучителен добитник на наградата на Фестивалот, сестран кинематографер Ентони Дод Ментл, кој ќе дојде во Битола и ќе ја прими наградата.

Селекторот на долгометражната натпреварувачка програма, Слаѓан Пенев информира дека оваа година  има 14 филмови или по два-три филма во една вечер или во еден ден во големата сала на Домот на културата. Изрази надеж дека публиката ќе биде задоволна од изборот и оти ќе го оправдаат името и брендот на Фестивалот.

Тој не ги откри сите имиња на гостите на Фестивалот. Посочи дека има филмови кои доаѓаат од Канскиот фестивал, од Берлинскиот фестивал, од Венецискиот фестивал, од фестивалот во Карлови Вари, има два македонски филма, тоа се „Мими“ во режија на Даријан Пејовски и „Снежана на крајот умира“ на режисерот Кристијан Ристески.

Селекторот на документарната програма Кумјана Новакова надополни дека фестивалот „Браќа Манаки“ е многу важен за виталноста на нашето општеството, како и многу други културни иницијативи, платформи и фестивали во оваа земја. Фестивалот „Браќа Манаки“ рече дека има најдолго искуство и традиција и со тоа има посебна одговорност да биде простор на промени и простор на креативна храброст.

Новакова информира дека 70 отсто од филмовите селектирани во оваа натпреварувачка програма ги потпишуваат жени авторки. Таа не ги откри десетте селектирани филмови и додаде дека во жирито на натпреварувачката документарната програма сите се жени во дух на промените.

Марија Апчевска, селектор на кратката програма, рече дека оваа година има 12 филмови кои доаѓаат од целиот свет. Информира дека се работи за филмови кои се снимени од жени, има жени режисерки и има наши, домашни македонски филови. Дел од филмовите веќе биле дел на светски фестивали и се наградувани, од автори кои се етаблирани, како и од кинематографери чие време допрва доаѓа.

Ѓорѓи Пулевски информираше за студентската програма „Први чекори“. Посочи дека испратиле покани до скоро сите врвни европски филмски образовни институции и добиле околу 60 филмови, од кои избрале 18 филмови од 17 земји. Интернационално жири ќе ги види филмовите, ќе ги оцени, а победникот првпат ќе добие награда „Кристална камера 300“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани