2win800x200

Зa ПЦР тестови граѓаните платиле 18,6 милиони евра на приватно зашто немало доволно термини во јавно здравство

Јули 22, 2022

Во услови на пандемија, поради необезбедување на повеќе термини во јавните и несклучени договори со приватните здравствени установи за дијагностицирање на ковид-19, не биле обезбедени доволно здравствени услуги за осигурениците на товар на Фондот, пишува во конечниот ревизорски извештај за Фондот за здравствено осигурување објавен од Државниот завод за ревизија.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, од почетокот на пандемијата во државата извршени се вкупно 1.962.489 тестови во 33 лаборатории ПЗУ и ЈЗУ, од кои 1.337.238 се ПЦР тестови, а остатокот се брзи антигенски тестови. Според објавените податоци за периодот од март 2020 до истиот месец 2022 година, во приватно здравство биле направени над 800 000 ПЦР тестови, а во јавно здравство над 500 000.

„Бројот на направените тестови и висината на цената на овие услуги во приватните лаборатории во различни периоди укажува на одлив на финансиски средства на граѓаните во приватното здравство. Сметано по најниската наплатена цена, според јавно достапни информации, од 1.400 денари и 819.240 тестови направени во ПЗУ за две години, станува збор за износ не помал од 18,6 милиони евра, не земајќи ги предвид и брзите антигенски тестови и повисоко наплатените цени кои се движеа и до 5.500 денари по тест“, пишува во извештајот.

Поради пандемијата во 2021 година 106 од вкупно 116 јавни здравствени установи добиле статус на неодржливи поради реализиран помал обем на услуги во однос на договорениот надоместок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани