Снежана Тодоровска досегаѓниот прв човек на градинките „Мајки Цвет“ заминува од функцијата откако и истече мандатот.
Таа на својот Фејсбук профил објави дека денес завршува нејзиното раководење во градинките „Мајски Цвет“ и воедно порача дека на Битола очајно и требаат градинки.
0Сакам да се заблагодрам на секој од Вас за големата поддршка изминатите 4 години, која ме поттикнуваше за да ги реализирам проектите и да ги подобрам условите за престојување на децата во градинките и работењето на вработените. Благодарност до мојот тим од „Мајски Цвет“, кои носат голема заслуга за сите мои успеси и постигања( 4 Ноемвриска награда 2019г). Иако заедно постигнавме многу, секогаш постои да можевме повеќе, да не се случеше Ковид ситуацијата и разните политички случувања. Се враќам во моето матично училиште „Трифун Пановски“, каде продолжувам со моето работење и делување. И нема да застанам со говорењето - НА БИТОЛА ОЧАЈНО И ТРЕБААТ НОВИ ГРАДИНКИ. Секој што ова го стопира, блокира и не го реализира не работи и не ја сака Битола, порача Тодоровска.