2win800x200

Општина Битола доделува 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година

Јули 27, 2022

Општина Битола во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје доделува 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година. Јавниот конкурс е објавен денес, а пријавата и потребните документи, кандидатите треба да ги достават најдоцна до 31.08.2022 година.

Право на стипендија имаат заинтересираните кои ги исполнуваат потребните услови наведени во јавниот конкурс и ќе достават комплетна документација, согласно конкурсот објавен на веб страната на општина Битолана следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-oglas-stipendii/.

Изборот на кандидатите ќе го врши Комисија која ќе биде формирана од страна на Општина Битола.

Предност во доделувањето стипендии ќе имаат заинтересираните со одличен успех, кандидати од социјално загрозени семејства, деца без родители и ранливи категории.

Општина Битола го задржува правото доколку е потребно во текот на постапката да побара и други документи за донесување на правилна одлука.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен најдоцна до 16.09.2022 година, на официјалната страна на Општина Битола.

Општина Битола ќе достави список до Универзитетот со избраните кандидат, а сите формалности околу уписот и потребната документација ќе бидат обврска на студентот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани