2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Груевски ја обвини власта дека и таа сега купува бадеми со државни пари

Октомври 04, 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерашниот говор на митингот во Битола го започна заблагодарувајќи му се на како што рече „досегашниот градоначалник Владе Талески , на неговиот тим, енергија ,работа и резултати“ .

Груевски за цело време на неговиот говор го грешеше презимето на новиот кандидат за градоначалник, Зоран Илиоски , зборувајќи за Илиевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу бројните критики за актуелната власт од СДСМ, не го заобиколи и нивиот слоган за овие избори „Живот во Македонија“ , како и заложбите на новата Влада за почист воздух.

-Ќе донеле живот ќе донеле енергија небаре мислиш со биоенергетичари или со Господ разговараш. Народот нема да остави да не го казни ова потценување на неговата интелигенција. Или, пак, безидејноста и хаосот што го направија да го прикријат со политички прогони. Па што ручал некој министер пред две години , па што вечерала некоја министерка пред три години, а и тие и ручаат и вечераат сега. Па незнам некој министер купил бадеми , а и тие купуваат бадеми . Па се купило блендирано возило за државата ,а и тие го возат секој ден. Ќе си кажат луѓето што мислат за ова , за ова лицемерие-рече Груевски.

Тој обвини дека новата власт вршела притисоци врз медиумите и врз судиите, а зборуваше и за притисоци врз администрацијата , но и врз странските инвеститори.

Груевски не го заобиколи ниту договорот на нашата држава со Бугарија, неколку пати потенцирајќи од говорницата дека се уште не поминал на Парламент.

-Се уште има време. Се уште не поминал на Парламент, народот ќе си каже на 15 октомври, дали поддржува ваков вид на договор со Бугарија, во кој се откажуваат од македонското малцинство во Бугарија , којшто пишуваат дека имаме заедничка историја, дека ќе се менуваат учебниците по историја во Македонија-рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, рече дека градоначалникот не треба да биде власт, туку управител со домаќинството на општината, потенцирајќи дека тој го поседува потребниот капацитет.

-Довербата на гласачите се стекнува со два принципи-не го ветувај она што не можеш да го исполниш, и исполни го она што ќе го ветиш. Градоначалничката функција бара стабилност, знаење, искуство, работа и тоа веднаш. И на сите битолчани, па дури и на оние од СДС им е повеќе од јасно, од кого може да очекуваат таков капацитет. Идниот градоначалник на Битола треба да биде успешен, докажан, одговорен, почитуван и домаќин човек, но и добро да ги познава работите во локалната самоуправа. Јас, Зоран Илиоски, тврдам дека го поседувам потребниот капацитет , да одговорам на сите предизвици на функцијата градоначалник и тоа веднаш, рече Илиоски на митингот во Битола.

Носителот на листата со кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Димитровски, рече дека знае што значи одговорност на еден функционер кога одлучува за живеењето на сите останати

-Имав можност тоа да го почувствувам во текот на 7 години, кога бев на чело на НУ Центар за култура Битола, институција која на битолчани им е посебно блиска и вредна, затоа што таму се одржува фестивалот „Браќа Манаки“, бројни фестивалски случувања, многу значани концерти Таму во последните 7 години, во новото 3Д кино ги гледавме светските премиери на филсмките наслови на истиот ден како и во сите метропли. Горд сум што сум помогнал да се создадат убави спомени, но уште повеќе што сме го подигнале стандардот за квалитет на живот во Битола, рече Димитровски.

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ,  беа присутни и кандидати за градоначалници од соседните општини, како и независниот кандидат на општина Могила, Стево Пивковски, кој на овие локлани избори ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, иако на претходните, лидерот на партијата Никола Груевски, поддржувајќи го кандидатот Славко Велевски, на митинг во Могила, вербално го нападна Пивковски и упати навреди на негово име.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани