2win800x200

„Тој што лаже и краде, а потоа го транспортираат“, одговри СДСМ на секојдневните прашања на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите

Октомври 04, 2017

Во лажните вести за населување на мигранти во Битола, не верува ниту членството на ВМРО-ДПМНЕ, регираа денеска од СДСМ, одговарајќи на прашањата што секојдневно ги поставуваат на прес конференции од ВМРО-ДПМНЕ.

- Применувајќи ја својата добро позната стратегија народот да го држат во страв и неизвесност продолжуваат и сега. Па така оние, кои 15.000 наши сограѓани и повеќе од 500.000 сонародници ги направија мигранти низ целиот свет, се дрзнуваат да зборуваат за некакви си кампови и населби за бегалци, па уште ќе организирале и референдум. Мигранти нема да има, кампови нема да има, ниту пак изградба на станови за мигранти. Од кога почна бегалската криза низ Македонија имаат поминато преку 1 милион бегалци, а од нив останале на привремен престој во неа само 15. Овај податок многу добро го знаат и во ДПМНЕ, но познавајќи го нивниот метод на манипулација наредно се очекува да органзираат и референдум за марсовци, изјави Борче Корелевски, портпарол на ОО на СДСМ Битола.

На прес конференција пред неколку дена, кандидатот за советник во Советот на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Антиќ Костовска, ја праша Наташа Петровска, дали мигрантите ќе ги населуваат во прифатен центар во индустриската зона „Жабени“, отккао ќе ги избркаат инвеститорите.

-Како кандидатката на СДС планира да обезбеди вработувања за младите, кога до сега ниту еднаш не ги спомнала ни инвеститорите, ниту пак навела конкретни мерки и планови за инвестиции? Дали тоа значи дека во договор со Заев планира да ги поништи потпишаните договор за купени парцели во Индустриската зона Жабени, поради што новите инвеститори се несигурни и размислуваат за алтернативни локации? Дали вашиот молк значи дека со Заев и Царовска имате план за пренамена на парцелите во Жабени за изградба на прифатен центар за мигранти, откако претходно ќе ги избркате инвеститорите?, праша Антиќ-Костовска.

Од СДСМ пак, со одговор

- Почитувани од ДПМНЕ – не лажете. Бидејќи познато е тој што лаже и краде, а потоа го транспортираат! Помина времето на замајување на јавноста со невистини, шпекулации и лажни ветувања. Битола беше конзулски град, кој тандемот Илиоски-Талески, и го претвори во сиромшна сенка на едно минато време, рече Корлевски

Повеќе општински совети, меѓу кои и Советот на општина Битола, изгласаа одлуки за распишување на референдум во ист ден со локаланите избори, на кои граѓаните требаше да се изјаснат дали се „за“ или „против“ населување на мигранти и беглаци, но Државниот инспекторат за локална самоуправа, донесе одлука да ги запре решенијата за организирање референдуми во општините за мигрантите на 15 октомври.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани