2win800x200

На територијата на СВР Битола 61 казна за брзо возење

Август 06, 2022

Од 8 до 12 часот денеска на територијата на СВР Битола се казнети 61 возач за управување возило со брзина поголема од дозволената, во рамки на засилена акциска контрола на полицијата.

– Од нив, 41 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 20 надвор од населено место. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР наведува дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани