2win800x200

Двајца битолчани фатени како крадат нафата од рудниот Брод – Гнеотино

Август 06, 2022

Ноќеска во 01.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото.Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани