2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

10 лица се приведени, пронајдени дрога и оружје, констатирани низа неправилности при синоќешните контроли во угостителски објект во Битола

Август 14, 2022

На 14.08.2022 во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции беше извршена акциска контрола во угостителски објект на ул.„Македонска Фаланга" во Битола. При контролата биле констатирани повеќе прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот за оружје и Кривичниот законик, а во врска со неовластено производство и пуштање на дрога и психотропни супстанци. 

Имено, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив е  пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветна пријава.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани