2win800x200

Викендов на Пелистер-Јубилеен десетти по ред „Пелистер Даунхил Куп“

Август 15, 2022

Викендот на Пелистер ќе се одржи десеттиот јубилеен Пелистер Даунхил Куп чии организатор е Eкстрим Бајк Тим од Битола.  Традиционалниот Даунхил Куп на Пелистер  е докажано адреналинско доживување на точак кое се одржува секоја година во границите на Балканот. Eкстрим Бајк Тим од Битола е организатор за пофалба, тим кој е  меѓу најуспешните во Македонија и оваа година ја организира 10-тата по ред трка која се реализира од 19 до 21 август 2022 година со локација во Националниот парк Пелистер во Битола.

-Досега се пријавени околу 70 учесници од целиот Балкан. Значи имаме претставници од околку 10 земји од регионот. Главниот настан ќе биде во недела на 21 август. Имаме поддрша од многу партнери од целата држава, им благодариме за тоа  и очекуваме досега најуспешно издание, изјави за Апла.мк, Јовче Даскаловски од Eкстрим Бајк Тим од Битола, организатор на купот.  

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани