2win800x200

Приведени крадци во Битола – одземеното вратено на сопственикот

Август 16, 2022

Денеска (16.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола, лишени се од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34), постапувајќи по пријава од 02.30 часот од страна на 46-годишен државјанин на БиХ, со привремен престој во Битола, според кого на 15.08.2022 околу 21.30 часот од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари.

Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавителот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани