Делегација на градот Бат Јам од Израел, преводена од заменик градоначалникот Ури Бускила, престојуваше во работна посета на општина Битола и оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски.
На средбата, заменик градоначалникот Бускила истакна дека досега во три наврати ја посетил Битола и е воодушевен од шармот и пријателскиот дух на градот, како и од приемот на битолчани.
Заедничкото минато кое што го има градот Битола со еврејската заедница, е неоткинливо парче од нашата историја, посочи на средбата градоначалникот Тони Коњановски и истакна дека општината со особена почит се однесува кон досегашните создадени релации со Израел, со цел во иднина истите да се продлабочуваат и интензивираат.
Во таа насока, Коњановски и Бусила најавија дека двата града ќе започнат иницијатива за збратимување, на задоволство на жителите, бизнис заедницата и културно-историските релации.
Бат Јам е медитерански град, во кој живеат битолски и македонски семејства кои се доселиле во градот во 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Меѓу нив е и семејството на д-р Хаим Абраванел.
Вечерва, во рамките на Бит фест, во Офицерскиот дом, преку музичка и видео разгледница наречена „Бат Јам – ќерката на морето“, ќе биде претставен овој израелски град, со што битолчани ќе добијат поширока слика за медитеранската ќерка на морето.