АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолското основно јавно обвинителство постапува по две кривични пријави за регистрацијата и функционирањето на културниот центар Иван Михајлов во Битола. Едната е поднесена во мај од политичката партија Левица и се однесува на цитат од Ванчо Михајлов кој е врамен до неговите портрети во внатерешнота на клубот , со кој тој ја негира македонската нација. Другата кривична пријава е поднесна од граѓани, велат од обвинителство и додаваат дека од двете пријави е оформен еден предмет, а обвинител постапува и прави проверки за целокупниот процес на регистрација и работа на културниот центар Иван Михајлов во Битола. Исто така обвинителството е во комуникација и со Државната комисија за заштита и спречување на дискриминација која пак постапува по претставка од друго здружение за дискриминација по етничка и национална основа.
-Основното јавно обвинителство Охрид денеска по допрен глас оформи предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“. Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.