2win800x200

„Водовод“ Битола- рационално користење на водата за пиење

Август 18, 2022
ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.
Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа. ЈКП Водовод Битола АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ КОРИСТИ ПИТКАТА ВОДА ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ПОВРШИНИ, туку рационално да се користи за основните потреби.
Секоја злоупотреба за нерационално користење на водата и сите иматели на диви приклучоци, ќе сносат одговорност и кон нив ќе биде покрената соодветна пријава.
Секоја неправилност, граѓаните ќе можат да ја пријават на следните дежурни телефонски броеви; 072 916 964 и 072 232 119
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани