2win800x200

Корлевски-Коњановски спречува огласи за наставници и стручен кадар во битолските училишта

Август 25, 2022
На шест дена до почетокот на новата учебна година, битолските училишта сеуште не ги распишале огласите за ангажирање на наставници и стручни соработници на определено време.
Градоначалникот Тони Коњановски, од само нему познати причини, не ги препраќа до училиштата согласностите за објавување на огласите што до Општина Битола ги испрати Министерството за образование и наука уште од 18 август!
Цела недела документите седат во нечија фиока во општината, а градоначалникот Тони Коњановски уште еднаш покажува дека не се грижи ниту за учениците, ниту за училиштата во Битола. Која е целта на ова ново поигрување на ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски со битолското образование?
Ако биде пречекорен рокот за објавување на огласите, училиштата ќе останат без потребниот кадар за доекипирање, а учениците ќе губат часови наместо да бидат во клупите.
Заради ова неодговорно и несовесно однесување на градоначалникот Тони Коњановски, поднесовме претставка до Управниот инспекциски совет и до Државниот управен инспекторат, па нека реагираат институциите.
ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски очигледно немаат намера да работат согласно законите и според потребите на граѓаните. Не извлкоаа поука откако на Општина Битола и беа одземени ингеренциите во дел од градинките поради прекршување на законите!
Сега Општина Битола е на пат да ја доживее истата судбина со училиштата. За жал, најголеми жртви ќе бидат учениците, нашата иднина, со што по којзнат којпат се потврдува дека ДПМНЕ е најголемиот штетник за образованието во Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани