2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

78 години од смртта на народниот херој Естреја Овадија Мара

Август 26, 2022

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26 август 1944 година

На планината Ниџе, во близина на врвот Кајмакчалан e убиена Естреја ОВАДИЈА-Мара, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Родена во Битола на 25 декември 1923 г. Основно и средно образование заврши во родниот град.

Во 1938 г. замина во Белград преку Еврејското хуманитарно друштво „Визо“. Од тој период e член на југословенската комунистичка младинска организација СКОЈ.

Во мај 1941 г. се врати во Битола. Во 1942 г. стана член на КПЈ. Во април 1943 г. e борец на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, а набрзо потоа во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Кога e формирана Третата македонска народноослободителна ударна бригада на 26 февруари 1944 г. стана политички комесар на чета. Во август 1944 г. е политички комесар на баталјон во Седмата македонска ударна бригада.

Загина во борба со бугарските окупаторски војници од пограничната караула на Кајмакчелан.

За народен херој на Југославија прогласена на 11 октомври 1953 г.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани