АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на Драган Крајовски, претседател на ОО СДСМ Битола
Започнуваат градежните активности за санација и рехабилитација на патот од Битола до граничниот премин Меџитлија. Овој многу значаен пат кој го користат битолчани, жителите на околните градови во Пелагонија, на пограничните македонски села и посетителите од Грција, во следните неколку месеци ќе добие сосема нов лик. Во должина од 15 километри ќе биде поставен нов коловоз, за првпат откако патот е изграден.
Реконструкцијата на патот Битола – грчка граница е реализација на уште едно наше изборно ветување. На денешната средба со жители на Кравари им ги пренесов и заложбите на Владата за изградба на експресен пат до Меџитлија. Според информациите од надлежните министерства, во напредна фаза е проекцијата на новата траса од Прилеп преку Битола до границата со Грција. Современата патна инфраструктура ќе отвори нови можности за Кравари, за развој на туризмот, на угостителски и сместувачки капацитети кои позитивно ќе влијаат на локалната економија.
Изминатите две години Владата предводена од СДСМ инвестираше во битолскиот регион во реконструкција на патот кон Ниже Поле и ски центарот Стрежево, како и патот до Магарево. Сега се работи на патот до грчка граница. Инвестициите во модернизација на патна инфраструктура во Битола и Пелагонија продолжуваат.