2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

„Пламенот наш октомвриски вечно гори“- конкурс за ученици распиша Сојузот на борци

Септември 05, 2022

По повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, Општинскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна - Битола, распишува

НАГРАДЕН КОНКУРС

ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“

слободна тема посветена на Народноослободителната борба на Македонија

Конкурсот е наменет за ученици од основните училишта од IV - IX одделение од Општина Битола.

1. Конкурсот е наменет за лични творби (проза или поезија), а истите треба да бидат доставени од 05.09.2022 - 25.09.2022

2. Личните творби треба да бидат потпишани со ПСЕВДОНИМ

3.  Творбите да се доставуваат со назнака НАГРАДЕН КОНКУРС „ ПЛАМЕНОТ НАШ ОКТОМВРИСКИ ВЕЧНО ГОРИ“

- по пошта:  ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито“ бр. 89, Битола

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. (во ворд или пдф формат)

- личново просториите на ОО на Сојуз на борци-Битола, ул. „Маршал Тито“ бр. 89 секој работен ден од 09:00ч - 12:00ч

* личните творби е потребно да бидат испечатени на А4 формат

Конкурсната комисија ќе избере три најдобри творби што ќе бидат наградени во износ од  по 3000 денари.  Со наградените ученици награда добиваат и наставниците во износ од 2000 денари. 

Награди за ученик или ученичка и наставник за категорија IV-V одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за категорија VI-VII одделение

Награда за ученик или ученичка и наставник за VIII-IX одделение

Наградите на учениците ќе бидат доделени на 11 октомври 2022 година, локацијата ќе биде дополнително објавена.

Наградниот фонд е обезбеден од средства на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани