На 09.09.2022 во периодот од 18-24часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 20 возачи на мотоцикли од кои 11 Прилеп, 9 Битола.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта