АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во рамките на европскиот проект EUSAIR 4 YOUTH – Спортски настан во кошарка 3x3, финансиран од програмата EUSAIR на Европската Унија, чиј домаќин беше општина Драч во Албанија, учествуваше и општина Битола со свои претставници.
Главната цел на овој проект е да се зајакне улогата што ја игра спортот во социјалната инклузија и кохезија во Јадранскиот Јонски регион преку организирање на спортски настан за млади луѓе, каде што учествуваа општини од 9 земји.
Преку овој проект, покрај тоа што значително се зајакнасоработката на општина Битола со Јадранската Јонска заедница,во исто време се промовираше мир, толеранција и разбирање, развој на солидарноста и подобрување на социјалната кохезија, како што е и всушност поставено во Агендата за одржлив развој до 2030 година.
На овој важен спортскиот настан во дисциплината - Кошарка 3Х3,општина Битола ја претставуваа младите кошаркариродени во 2006 и 2007 година: Благојче Димитровски, Христијан Дракуловски, Ѓорѓи Гајтановски, Лука Тодоровски, Михаела Нешковска, Наталија Петровска, Надица Стефановска и Јана Трајковска. Сите имаа одлични настапи, посебно машкиот тим кој го освои сребрениот медал и на патот кон финалето издвојуваа убедливи победи противтимовите одСрбија, Италија, Црна Гора, а во финалето со тесен резултат од 8:7 беа поразени од Сплит, Република Хрватска. Младите кошаркари беа предводени од тренерите Мико Голубовиќ и Христијан Цветковски.