АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Друштвото на ликовни уметници организира постхумна изложба на ликовниот уметник Андријана Мациев. Свечено отварање ќе биде во Ликовниот салон на ДЛУБ, на 16 септемви во 20 часот. Изложбата се организира по повод нејзиниот роденден.
Исто така ќе се промовира и книгата ,,Љубов за сите”, на група автори кои пишуваа за Андријана.
Андријана Мациев припаѓа на помладата генерацијата визуелни автори во чии дела е репрезентирана една модерна и постконцептуална компонента. Целокупниот творечки процес е акцентиран токму на бојата преку која авторката создала нов виртуелен јазик на т.н. пребојување на светот околу себе во една нова димензија. Па така бурната експресивност на линијата и потегот, хроматската бура која владее врз платното преку своевиден наративен процес ни ја разоткрива основата на човековото суштествување –Љубовта.
Таа говори и сведочи за големината на уметникот, чии дела сведочат за едно безвременско постоење, изјави Нела Петровска, претседател на ДЛУБ.