Ударните дупки на коловозите низ градот, кои неодмна беа пополнети со песок, деновиве се асфалтираат.
Фотографиите денеска ги позјамивме од ФБ групата Битола сака чист воздух, а директорот на ЈП „Нискоградба“, Методија Силјановски, за апла.мк рече дека крпењето на ударните дупки го почнале од улиците од прв приоритет, по што во наредните денови ќе продложи и на останатите коловози кои се оштетени.
Интензитетот на работите следната недела ќе зависи од временските услови, затоа што се најавуваат врнежи од дожд што може да ги отежне активностите.