2win800x200

Промоцијата на романот „Синовите на Адам“ од Михајло Свидерски

Септември 26, 2022

Промоцијата на романот „Синовите на Адам“ од Михајло Свидерски ќе се одржи во четврток на 29 септември во 19 часот во КИЦ (Офицерски дом) во Битола. Промотори на книгата ќе бидат еминентните проследувачи на македонската современа книжевност Елизабета Јончиќ и Љубинка Донева.

Романот „Синовите на Адам“ во издание на Издавачката куќа  „Восток“ излегува во 2022 година.

Романот обработува потресна, вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект на мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје во темните соби се носат деца за забава. Рајот за оние што може да си дозволат сѐ што ќе посакаат станува пекол за оние што излегуваат оттаму.

„Синовите на Адам“ отвора досега неотворени и табуизирани теми во македонската книжевност, што го прави Свидерски редок автор што ѕирнува во најтемните страни на македонското транзициско општество.

Михајло Свидерски е автор на три романите: „Бело и црвено“, „Последните денови на Ханс“ и „Синовите на Адам“, како и на четири поетски збирки. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди. Преведуван е на англиски, руски, арапски, шпански, грчки, унгарски, баскиски, српски, бугарски и други.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани