Гимназијата и оваа година традиционално го одбележа, 26 септември-Европскиот ден на јазиците.
Во организацијата учрствуваа предметните наставници по македонски јазик и литература, француски јазик, англиски , германски и латински јазик, секако учениците и нивните родители, кои се погрижија за настанот да биде како што прилега за претставување на европските кујни. На настанот присуствуваше и Почесниот конзул на Република Франција во
Република Македонија, г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ.
Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците. Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден, се во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.
-Европскиот ден на јазиците од една страна ја промовира богатата јазична и културна разноликост на Европа и придонесува за подигнување на свеста за многујазичноста и меѓукултурното разбирање, а од друга страна ја промовира и поддржува идејата за доживотно учење јазици во и надвор од училиштата, студирањето, како и изучување јазици за професионални потреби или за задоволство, објавија од Гимназијата ЈБТ.