2win800x200

Премиера на „My name is Medeja“ во НТ- Битола

Септември 27, 2022

Ансамблот на Народниот театар од Битола утре вечер ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата ја потпишува Словенецот, Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија..

Нема достапен опис

  • My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.

Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска,  Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска,  Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Музика за претставата компонираше Драго Ивануша,  сценограф е  Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани