2win800x200

КСЗД препорача бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ да ги отстрани сите спорни елементи кои предизвикуваат вознемирување

Октомври 14, 2022
фото А. Блажевска фото А. Блажевска

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска препорача бугарското здружение и клуб „Иван Михајлов“ во Битола да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата.

-Ова се однесува на елементите кои предизвикуваат вознемирување врз национална, етничка основа, што е детално опишано во нашето мислење, во рок од 45 дена. Се препорачува здружението да ги отстрани содржини на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок, но не подолг од 30 дена. Најважно е дека се препорачува Министерството за правда да изврши надзор над законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, изјави Весна Бендевска, член на КСЗД.

Ова следува откако на 4-ти август годинава, КСЗД изврши увид во клубот од Битола. Бендевска е известителка за овој предмет, во кој се постапува по претставка добиена од здружение на граѓани.

-Комисијата нема законски надлежности да затвора. Таа утврдува или не утврдува било каква форма на дискриминација. Во предметов утврдивме потешки форми на дискриминација од здружението во Битола. Комисијата утврди индиректна дискриминација од Министерството за правда, затоа што му овозможило со регистрацијата на ова здружение, да се вознемири поголема група граѓани. Комисијата е должна да предложи и препорача начин на отстранување, истакна Бендевска на прес-конференција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани