2win800x200

Битолчани ќе го креираат буџетот на општина Битола

Октомври 14, 2022
Општина Битола, започнува процес на активно вклучување на граѓаните во креирањето на општинските програми и дефинирањето на стратешките приоритети на локалната самоуправа. За оваа цел, во изминатиот период, беше спроведена анкета која се однесуваше на Програмата за култура, а во следниот период истото ќе биде применето и за други програми, кои се изработуваат и реализираат од страна на општина Битола.
Во овој контекст, на 18 октомври, со почеток во 11.00 часот во конференциската сала на хотел Капри, ќе биде одржана и Првата форумска сесија на Буџетскиот форум во општина Битола.
Сите претставници на граѓански здруженија, институции или други заинтересирани кои сакаат да присуствуваат и да земат активно учество на буџетскиот форум, потребно е своето присуство да го потврдат на телефонскиот број 071235021, најдоцна до понеделник 17.10.2022 до 13.00 часот.

 

Можно е да е слика од еден или повеќемина и текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани