2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Концерт на пијанистката Горјана Стојановска вечерва во Офицерски дом

Октомври 25, 2022

Вечерва (25.10.2022), Шуман и Чајковски ќе прозвучат со својата музичка раскошност во Офицерски дом во Битола, од 19 часот, на рециталот на пијанистката Горјана Стојановска.

По нејзините концерти низ Македонија во оваа 2022 година, со срце исполнето со убав трепет на емотивна трема, таа ќе настапи во својот град, родната Битола, пред својата публика.

Горјана Стојановска е родена во Битола. На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште - Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г магистрира. Во 2018г се запишува на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан. Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина …. и многу други.

Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во својата кариера како пијанистка има реализирано бројни солистички рецитали, а во 2011 и 2014 г настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености - Скопје, Подиум на млади ( како вонредна програма на фестивалот "Охридско лето") - Охрид, Бит-Фест - Битола. Од 2021г работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани