Директорот на ЈП Национални шуми, Валентин Груевски, побара извинување од ВМРО ДПМНЕ, затоа што, како што вели на прес конференција денеска го обвинија дека не доставил имотен лист до Антикорупциска комисија и го крие својот имот. Груевски како доказ ги објави потврдите од препорачаните пратки за доставата на анкетниот лист до ДКСК
Денес на прес-конференција еден од пратениците на Вмро-Дпмне, објави податок дека не сум го доставил мојот имотен лист и дека можеби ја кријам мојата куќа во Битола и Ресен.
Неколку факти:
1. Куќата во Битола е од 1985 година, наследство од мојот татко и во неа живеам со сопругата над 20 години.
2. ,, Куќата" во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 м2 и истата е 1/4 од стара куќа, градена пред 50-тина години.
3. Наводно сум го скрил и Голфот, пријателите мои го знаат, производство 2009 година.( не знам зошто би го криел)
4. Анкетниот лист е навремено доставен, за што во прилог ги поставувам и препорачаните пратки до ДКСК.
Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно.
За да се поправат работите, можеби е најдобро најпрво да добијам извинување, напиша Груевски на ФБ