АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во 81 година од животот денеска почина м-р Вангел Гагачев, соопшти неговото семејство.
Роден 1941г. во с. Буф, Грција. Средно образование заврши во Битола, земјоделски факултет заврши во Скопје, магистрираше на земјоделски науки во Нови Сад, Србија. Во текот на работниот век оствари вкупен работен стаж од 42 год и тоа во следните организации: во земјоделскиот институт Скопје, индустриското стопанство Лажец, а од 1974г. во тогашната ЗИК Пелагонија Битола како помошник на генералниот директор, а од 88-мата како генерален директор на тогашниот земјоделско индустриски комбинат Пелагонија. Со трансформацијата на дотогашната ЗИК Пелагонија и основањето на ЗК Пелоганија Битола, сметано од 1990-тата година, па се до неговото пензионирање на 15 април 2009-та ја извршуваше функцијата генерален директор на земјоделскиот комбинат - Пелагонија АД Битола.
Како докажан стопанственик и стручњак паралелно со функцијата генерален директор на ЗК Пелагонија Битола извршуваше и многу други важни стопански и опшествени функции како што се член на советот на гувернери на народна банка во два мандати, член на централниот комитет на сојузот на комунисти на социјалистичка федеративна Југославија, член на надзорен одбор на Стопанска банка АД Битола, член на орган на управување во Тетекс банка АД Скопје. Лично тој како и заедно со ЗК Пелагонија Битола во времето кога раководеше со оваа компанија е добитник на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои се и државната награда “11 Октомври”, награда на Стопанската комора на Македонија, наградата “4-ти Ноември” на град Битола, наградата за животно дело на битолски весник и многу други.