2win800x200

Претставници од Сојузот на борци на прием кај градоначалникот Коњановски

Ноември 04, 2022

Со приемот на претставници од општинската организација на Сојузот на борци Битола во кабинетот на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, започнаа денешните активности по повод 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Битола.

Битолскиот дувачки оркестар го започна церемонијалниот дел со изведби на маршеви низ Широк Сокак, по што со делегациите се упатија пред споменикот кај Центарот за култура, каде беше изведена македонската химна.

Градоначалникот на општина Битола во име на општината положи свежо цвеќе, по што пристапија претставниците на Советот на општина Битола, претставници на општинската организација на Сојуз на борци, делегации на збратимените градови од Бурса - Турција, Плевен – Бугарија, Херцег Нови – Црна Гора и Стари Град, Белград – Србија, претставници од збратимениот град Епинал, како и претставници на политичките партии и други граѓани.

Делегациите положија цвеќе и пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, како и на партизанските гробишта во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани