2win800x200

Во Битола се реализираат ветените проекти, вели Коњановски

Ноември 04, 2022

Дозволете пред се еве и од ова место да го честитам големиот празник денешен, 4-ти ноември, Денот на ослободувањето на Битола, 78 години од победата над фашизмот во Битола. Знаете Битола овие денови живее празнично, со многу манифестации, со многу приредби, со многу празнување. Денес имав средба и со борците на самиот почеток на денот, прославата е неколку дневна и во склоп на тоа, меѓутоа активностите на терен си продолжуваат. Денес имаме чест и задоволство, еве баш на овој ден да не посети и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски, заедно да бидеме на увид на активностите кои се спроведуваат и кои ги работиме во Битола.

Да кажам дека се наоѓаме на потегот на село Брусник, улица, дел од потегот кој многу значи за граѓаните на ова село, атрактивна локација, туристичка локација која очекувам годините кои следат да заживее онака како што треба. Ова е еден дел од проектот од 23 улици кој го ветивме, 19-тата улица во должина од должина од 1.400 метри, се работата сега првите 600-700 метри на потегот, направена е и примарна канализациона мрежа и мислам дека градот и граѓаните, жителите на Брусник ќе бидат задоволни со она што го правиме добиваатат конечно после толку години пат, реконструиран кој едноставно ќе не спои многу побрзо.

Продолжуваме со активностите кои ги имаме, се надевам дека времето ако послужи овие 2-3, неколку дена ќе следи и асфалтирање на останатите улици, така да проектот 23 улици ќе го завршиме. За нашите активности зборува и самиот факт што некаде преку 70% од буџетот наменет за капитални инвестиции ќе биде реализиран што никогаш досега во историјата на Битола не било направено. Се работи интензивно од самиот почеток на мандатот кој го добивме и мислам дека граѓаните можат да осетат едно предвижување на поинаква слика, едни промени кои се надевам дека на добробит на сите ќе се. Ги поканувам и сите граѓани вечер заедно да празнуваме во 19 часот во Салата на битолскиот народен театар и да ја заокружиме, така да ги доделиме признанијата, да го прогласиме елаборатот, вашиот колега новинар, Петар Ставрев и да ја завршиме вака свечено велам оваа пригода. Меѓутоа активностите од утре си продолжуваат, во тек се, еве да најавам за идната година, сите плански документации ги средуваме за влезот од Битола од Прилеп, болната точка на град Битола, овој дел овде на потегот према Охрид, гледате веќе се реализира до мостот спремна е девијацијата на мостот која моравме да ја завршиме како би се овозможил пристап додека се реконструира мостот, знаете тоа е со средства од ТАВ предвидено да се доврши.

Уште една работа, не само што ги реализираме проектите кои се во тек за идната година веќе за сега имаме 65 нови проекти кои се пред дозвола за градба, така да идната година ќе биде уште пожестока.

Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани