АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, чии основатели се Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска во соработка со Државното музичко училиште и КИЦ Битола, организираше Музички маратон насловен “"СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА".
-Со моќта на музиката, со маратонот - кој е симбол за упорност и издржливост, музичкото училиште кое е еден од брендовите на нашиот град и кое што оваа година одбележува 75 години од своето постоење, и со здружението ПИЈАНО кое постои за Битола и јасно го глорифицира епитетот “ Битола, град на клавири “, ние сметаме дека се одржа настан кој долго ќе се памети, а битолчани ќе имаа можност за едно целодневно културно уживање, велат од Здружемието "Пијано:.
Овој настан започна со претставување на изведби на млади музички таленти од музичкото училиште, на сите инструменти кои што се изучуваат во училиштето : пијано, виолина, гитара, соло пеење, труба, кларинет, флејта, ударни инструменти, саксофон и.т.н. Учениците изведуваа дела од различни класични композитори во времетраење од 6 часа и со тоа прикажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет.
Изведувачите беа поделени во 3 блока на изведби со паузи од половина час измеѓу
Во рамките на маратонот, се одржа и ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “Битола Музика” на битолскиот хроничар, проф.д-р Александар Стерјовски.
Во книгата на 360 страни, се опфатени Балканскиот полифоничен амбиент, традиционалните и европски инструменти, битолски инструменталисти, битолскиот музички амбиент, хорови, оркестри, концерти, гостувања, почеток и работа на основното музичко училиште во Битола и др. Ова е осма книга по ред од серијалот “Битолско десеткнижие” и перфектно концепциски се вклопи во целиот настан “СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА” со што се створи една уметничка симбиоза на пишаниот збор и уметноста, а оваа книга не само што е посветена на Битола, туку таа е направена намерно и смислено, најмногу со желба да се даде прилог кон одбележувањето на големиот јубилеј на Музичкото училиште “75 години од основањето”.