АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година.
Од полиците се повлекуваат 20 тони од УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, со сериски број/лот- LOT FD04, датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба 04.03.2023, увезено од Босна и Херцеговина кое во целокупната количина е пласирано на пазарот, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, колку што е дозволено со нашите прописи.
Небезбедното млеко ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од Босна и Херцеговина го прифатат тоа, во спротивно, истото ќе биде уништено на депонијата Дрисла.
Наредба за повлекување на небезбедниот производ од полиците е издадена и на операторот со храна, кој веќе ја информира јавноста за ова постапување.
Ги информираме потрошувачите дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.
Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот МИЛКАНО со наведениот лот и рок на употреба, апелираме истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде што е купен.
Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..