2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Репродукција на дела на францускиот уметник Пејрисак ќе го красат ѕидот на битолската Општина

Ноември 09, 2022

 

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и битолскиот градоначалник Тони Коњановски ја открија голема репродукција, диптих, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) која ќе краси дел од внатрешните ѕидови на битолската општинска зграда. Репродукцијата насловена „Бреговите на Драгор во Моностар“ е изработена од дела што авторот ги насликал во Битола во 1917 година кога бил дел од француската армија која се борела на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Пејрисак е претставник на француската модерна уметност од 20 век, а во неговите дел има и елементи на кубизмот.

314395217 1301632690393228 6414041343693041378 n

„Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Оваа фреска е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доборволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Неговите спомени од Солунскиот фонт го следат засекогаш. Во делата ќе престави многу мотиви од Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот кој толку силно го има приврзано“, рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

314700268 1101035557220562 6987004019037496845 n

Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. По војната Жан се разболил од маларија и жолтица, а откако е излекувал заминал да живее во Алжир и творел цело време, претежно мотиви од војната.

Авторските права за делата ги иотстапи семејството Пејрисак, чија внука Стефани рече дека се почестени што сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите на битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.

314589725 803624894332653 6160201332583569376 n

(Внуката на сликарот Стефани Пејрисак)

„Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува Општината“, рече градоначалникот Коњановски.

314628621 668499224850722 8086381824577576853 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани