АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Традиционално на Ноемвриската изложба се доделува награда за најуспешно ликовно остварување. Членови на комисијата за наградата се : Лилјана Христова, Панде Петровски и Александар Поповски. Комисијата се одлучи Ноемвриската награда да ја добие Бојана Артиновска Трпческа ДЛУБ оваа година и додели Признание на почитуваната Лилјана Христова, историчар на уметност: За особен придонес, за развој на ликовната уметност и нејзина афирмација на битолската и македонската ликовна сцена во земјата и во странство, за високиот професионализам и континуираната ангажираност како историчар на уметност и организатор на бројни изложби. Ноемвриската изложба беше отворена синоќа во Завод и музеј Битола. На изложбата се обратија Нела Петровска, претседател на ДЛУБ и Лилјана Христова, ликовен критичар.
наградената слика