Државата води преговори и во последна фаза се подготовките за евтин кредит или можеби грант од јапонската агенција Џајка во соработка со компанијата Митцубиши за вложувања во производството на РЕК со цел да стане поеколошко, најави министерот за надворешни работи Никола Димитров во Битола.
Тој уште најави дека разговарал со градоначалникот на Солун, по изборите да се воспостави соработка меѓу грчки и македонски општини кои ќе ги нудат винските патеки како туристичка атракција за германски љубители на виното.
За обвинувањата дека ќе има ревизија на учебниците рече дека се спинувани и и дека било кажано оти може да има средба на експерти по историја, да поразговараат, но не за создавање на комисија.
-Мој личен став е дека имавме една шизофрена ситуација, го браневме идентитетот копмплицирајќи го процесот со антиквизацијата. Македонија под Груевски беше искомплексирана и исплашена и било какав разговор се толкува негативно затоа и спинот беше дека се се разговара за ревизија на учебниците -рече Димитров.
Тој изрази поддршка до кандидатката за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска.
-Во мојот четиригодишен мандат ќе ги вложам сите напори да го вратам сјајот на Битола. Очекувам длабока соработка со централната власт и Министерството за надворешни работи. Моја цел ќе биде да се зајакне соработката со конзуларните преставништва во Битола, да се зголеми нивниот број и бројот на збратимени градови и културната соработка да се прошири и на економски план- рече Петровска.
Ж.З.
-