2win800x200

Приведени крадци од Битола, расчистени 18 тешки кражби

Ноември 14, 2022

Полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола вчера ги лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола, Е.В(29) од Битола и Х.В.(52) од с.Канатларци, прилепско. Тие се сомничат дека во последните два месеци извршиле 18 тешки кражби во куќи и ормари на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани