2win800x200

Користи зимска опрема-превентивна активност на СВР Битола и РСБСП

Ноември 16, 2022
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, како и со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот-Битола, вчера во Битола реализираа превентивни активности од кампањата за важноста од користење зимска опрема.
Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска што од вчера стартуваше - за задолжително носење на зимска опрема, се до 15 март следната година, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите на повеќе локации низ градот укажуваа на објективната потребата како на употребата на зимската опрема, така и на проверката на нејзината исправност и исправноста на возилата.
Особено се апелираше на прилагодување на брзината на движење според условите на патот, почитувањето на растојанието меѓу возилата, избегнување на нагло сопирање на возилото и секако задолжително носење зимска опрема.
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, автомобил и пат
Можно е да е слика од 4 луѓе, автомобил и пат
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани