2win800x200

Васко Ковачевски: рестрикции на струјата не се опција и не се предвидени, се бара начин цената да остане иста, производството е сигурно и стабилно

Ноември 17, 2022



Генералниот Директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во интервју на Телевизија 24 истакна дека, производството на електрична енергија е стабилно и сигурно и покрај постарите капацитетите со кои располагаме. Ова се должи токму на тоа што е вршен редовен сервис, редовно одржување и ремонтирање на опремата и нашите капацитети се едни и подобро одржуваните во регионот. Во делот на предвидливоста АД ЕСМ се максимално подготвени да испорачаат електрична енергија.

Тој напомена дека тоа што фирми се префрлиле од слободниот на регулираниот пазар, каде што струјата е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи, не ја зголемило потрошувачката бидејќи во октомври и почетокот на ноември имавме  потопло време. Меѓутоа, порача дека тие треба што побрзо да се вратат на слободниот пазар и вели дека се добри најавите за воведување блок-тарифи на регулираниот пазар и за фирмите, исто како што беше направено со домаќинствата, па на таков начин оние што трошат повеќе – ќе плаќаат повеќе, па на големите компании нема да им биде од корист да бидат на регулираниот пазар.

Во втората половина на декември треба да се направи пресметка за цената не електричната енергија на регулираниот пазар. Цената ќе ја формираме према ЕВН Хоум и следтсвено на тоа РКЕ ќе донесе одлука за новата цена за периодот од 1 јануари до 30 јуни. Даночната стапка се зголемува за 10 проценти. Се наоѓаат начини кои нема да дозволат зголемување на цените. Блок тарифите за докмаќинставата носат резултати. Сите домаќинства и малите порошувачи добиваат електична енергија 80 посто субвенционирана од државата. Ако бидат цените реални, граѓаните ќе плакаат 5 пати повисоки сметки. Tенденцијата е да нема зголемување на цената на струјата, во ваква енергетска криза, колку што може ЕСМ ќе направи за да влијае. 

Рестрикции на струјата не се опција и не се предвидени во овој период на годината.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани