Се работи на времен премин кај Довлеџик додека трае изградбата на мостот на Драгор

Ноември 17, 2022

Денес се изведуваат работните активности за асфалтирање на девијацијата која ќе се користи како времен премин, кој ќе биде во функција додека трае изградбата на мостот на реката Драгор на улица Довлеџик. Перминот ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен и околните села во периодот на доизградба на новиот мост на реката Драгор.

Девијацијата, како времен премин опфаќа сообраќајница и армирано бетонски пропуст со ширина од 7 метри коловоз и две банкини со ширина од 1 метар.

Инвестицијата на општина Битола за реализација на овој проект изнесува 7.431.416 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани