Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола

Ноември 22, 2022

Во Битола  се одржува Четвртиот Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО. Темата на форумот е „Зајакнување на улогата на жената во аудиовизуелните медиуми“. 


За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса, Лоѓ, Потсдам, Ваљадолид, Гдиња, Софија, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во аудиовизуелните медиуми како Агенцијата за филм, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Македонската радио телевизија, Телевизија Телма и други. 

Форумот е поддржан од УНЕСКО преку Министерството за култура на Република С. Македонија во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2022-2023 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани