АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од изјава на советничката Жаклина Наумовска
По којзнае кој пат ДПМНЕ и градоначалникот Коњановски под плаштот на лицемерието избегнуваат да дадат одговори за наводните злоупотреби на работните позиции на нивните функционери. Сите сомнежи за незаконското работење јавноста мора да ги знае.
Затоа ве прашуваме и го повикуваме директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски да одговори:
Дали во април годинава го оштетил службеното возило на претпријатието во сообракајна незгода?
Дали е точно дека директорот Пеце Милевски не повикал полиција на местото на сообраќајната незгода и го криел возилото неколку дена во приватна гаража, па го однел на поправка?
Дали и зошто после оваа случка Пеце Милевски ја променил регистарската табличка на возилото и дали тоа било причината да го заташка случајот?
Ова е почитувани сограѓани фактурата која од загрижени граѓани пристигна во ОО СДСМ Битола. На неа видливо се гледа извршена поправка и промена на делови на возило во сопственост на ЈП Водовод, со што директорот ова ЈП, го изложил на дополнителен трошок за да го поправи возилото после сообраќајната незгода во април годинава иако возилото било каско осигурено.
Затоа уште еднаш го повикуваме градоначалникот Тони Коњановски при најавената ревизија за незаконското патување на директорот на ЈП Водовод во Грција да ги земе во предвид и овие дејанија на нивниот директор и партиски лидер на ОК на ДПМНЕ во Битола!
Или пак во нивниот добро познат стил ке ја спрегнат ФБ “војската” и со истиот, добро познат на битолчани жаргон на навреди и невистини ќе го избегнат вистинскиот одговор кој иитолчани го заслужуваат.
За жал, ова е почитувани граѓани реалноста за Битола