2win800x200

Милевски вели дека советничката Наумовска кажала лаги и клевети за него

Ноември 29, 2022
Пеце Милевски, диретор на ЈКП Водовод Битола со текст објавен на Фјесбук ја демантира советничката на СДСМ Жаклина Наумовска која праша - Дали во април годинава го оштетил службеното возило на претпријатието во сообракајна незгода? 
 
Милевски на фејсбук пишува се изнесени лаги и тој приложува документ за случајот -
Почитувани, во име на вистината, а поради изнесени лаги деновиве во повеќе наврати се обидува да се манипулира и дефокусира јавноста од реалните проблеми со кои се соочуваме сите.
Имено на вчерашната прес - конференција на Жаклина Наумовска беа изнесени лаги и клевети за некаква сообраќајка и некаква фактура.
За волја на вистината тоа што е направено е според предлог записник од сервисот бр. 103258671 од 08.11.2021 година кој го оддржувал возилото од времето на нејзиниот сопартиец и претходен директор (доказ во прилог, фотографија).
Тој кој ги оштетил и требало да ги изврши замените на оштетените делови и "пластики на подвозје” не ги направил, туку се направени подоцна според насоките на овластен сервис, а со цел заштита на возилото и безбедно управување.
Барам од советничката Наумовска, јавно да се извини, во спротивно ќе мора да одговара според законските прописи за изнесените лаги и клевети.
Нема опис за фотографијата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани